Јас немам ништо против никого, доколку прави нешто кое не повредува други

Знаеме дека има и демонски секти што жртвуваат животни па и луѓе...
Најмногу нешто што мразам кај секташите е тоа што и покрај тоа што им го плескаш во фаца тоа дека не те интересираат такви глупости, упорно се обидуваат да те убедат дека тие се светлата точка во темниот тунел и такви shit-ови и дека треба да им се придружиш


Јас имам сеуште проблеми со едни напасти што се наречени Скиентолози

Има луѓе што ги подржуваат и можеби има некој и тука таков хехех без навреда

Несакам никој да повредам туку да си го искажам своето мислење

Еве што ми се случи ...
Во Скопје има Центар за Дијанетика и Скиентологија ( појма немав што им значи ова бидејќи не ме ни интересираше ) рекламираа една книга која доста ме заинтересира и ја купив пред 4-5 години... тогаш ми напишаа пресметка за книгата и ми побараа и телефон и адреса и јас нормално им дадов ко дебил

Почнаа да ми вртат на телефон, да ме викаат на предавања, мене иако не ме интересираше, зашто сум си таква несакам никого да навредам отидов и што да видам..убедени се луѓето дека они се најдобри на светот, влезени во некој филм и нон стоп лафат како треба да однесеш 8000 денари за семинарот... си се смешкав саат време и си заминав хахха...
Ама станаа неподносливи цело време ми ѕвонеа... еден убав ден ги отерав во ПМ , ги немаше 2 месеца и се израдував дека конечно ги откачив....и се заебав нормално... почнав да добивам писма по пошта и се уште ги добивам веќе 3 години а можеби и повеќе

Еднаш ми стигна и брошура за семинар за да станам скиентолог - свештеник хахахаха... сестра ми ме дупчи уште за тоа лол

Иначе уште го чекам за јануари 2008 писмото хехехех