Delcevo Forum

Best Forum
 
HomeHome  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

Share
 

 Delcevo

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeПет 11 Јан 2008 - 21:34

pa najverojatno DA bounce
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeСре 23 Јан 2008 - 7:02

Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево,
што преведено од грчки значи Царево Село. За прв пат како населба
Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350
година. со неа тој му подарил повеше места и ниви од Пијанец на
манастирот од Лесново. Во турско време Делчево се викал и Султанија.

До
17 век населбата лежела на десната страна на реката Брегалница на
денешниот топоним Селиште, поточно под ридот Острец близу до патот што
води за Р.Бугарија. Од првите векови на турското владеење за положбата
на Делчево нема многу податоци. Во средината на 17 век во неговата
околина претстојувал султанот Мехмед IV. Во времето на неговата посета
на Пијанец врз населението е извршено масовно потурчување. Поради
зулумот и притисокот многу македонски населби опустеле, а меѓу нив и
тогашното Царево Село. Се претпоставува дека во времето на тој султан
населбата е преместена на денешното место на левата страна на реката
Брегалница. Како доказ се наведува и градската џамија изградена во 17
век.

Но, на размислување упатува тоа што турскиот патеписец
Евлија Челебија тука поминал само неколку години подоцна во 1670 год. и
во својот Патепис запишал: “Од Виница се поткачивме на кочанската
планинска рудина, движејќи се низ клисурата и по четири часа стасавме
во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една
планина и е украсено со околу 100 куќи и една ѓевѓирана со минаре
чудесна џамија.

Треба да се спомене и народното предание кое
вели дека населбата под ридот Острец се запустила кога владеела болеста
чума и преживеаното население се населило на местото каде што денес е
Делчево.

Како најстар дел на градот се смета турската колонија што се создала
околу џамијата. Според Јаранов, се до 19 век Делчево било село, турска
колонија, населена со чистокрвни Турци и голем дел потурчено население,
наречено помаци кое не го знаело турскиот јазик. Само неколку фамилии
биле македонски.

Кон
средината на 19 век почнала да се развива чаршијата и да расте
населбата, а воедно и да се зголемува македонското население. Откако се
исполнил просторот во Средно маало, започнало ширењето преку Гочо Поток
т.е. горно маало или денешен I реон. Во 1863 год. во Делчево имало 75,
а во 1873 год. 109 македонски куќи.

Во 1856 година била завршена
изградбата на црквата околу која главно било населено македонско
население кое бегало од турските зулуми во околните села. Поголемо
иселување на македонското нселение од овој крај имало во 1878 год.
поради турскиот притисок по Руско-турската војна. Во тоа време имало
поголемо населување на турско население од Бугарија, па дури и од Босна
и Херцеговина. Околу 150 македонски домакинства од селата и градот се
иселиле во Ќустендилско. Придојденото турско население, наречено
“Маџирци” се населило во Маџирско маало, денешниот III реон на градот.

На левата страна покрај реката Брегалница, на тесниот рамен простор
каде што биле мегданите и ановите, започнала градбат на трговските и
занаетчиските дуќани покрај двете тесни улици. Со тоа конечно се
формирала чаршијата и Делчево прераснало во градска населба.

За
време на балканските војни голем број на турското население го
напуштило градот, така што во 1914 година бројот на жители изнесувал
1701. По овие војни дошла нова македонска населеничка струја од
околните села, а најмногу од пасивните села Бигла, Селник и Драмче кои
ги купувале турските имоти.

Во 1931 год. бројот на населението
се зголемило на 3746 жители. По оваа година доброволно продолжило
иселувањето на турското население во Турција, особено во 1953 година.
Во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна на
реката Брегалница.

По ослободувањето во 1950 година Царево Село
е преименувано во Делчево. Во шеесетите години градчето се прошири на
десната страна на река Брегалница, а во седумдесетите и на ридот
Милково Брдо. Со порастот на вработените во работни организации во
Делчево, растеше и бројот на населението во него. Денес Делчево е
модерна градска населба со широки асфалтирани улици и булевари,
канализациона мрежа и со паркови и зеленило.
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeСре 23 Јан 2008 - 7:04

Delcevo - Page 2 Delcevo-1950
Делчево-чаршијата, 50-те години



Delcevo - Page 2 Delcevo-1928
Делчево-центар, 1928 година

Delcevo - Page 2 Delcevo-1930
Делчево, 1930 година
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeСре 23 Јан 2008 - 7:07

„Јас го разбирам светот единствено како поле за
културно натпреварување меѓу народите“
Delcevo - Page 2 Goce
Гоце Делчев


Носители на културните активности во општината се: Домот на
културата „Н.Ј.Вапцаров“, Матичната библиотека „Илинден“, КУД „Гоце Делчев“,
Драмското студио при Домот на културата, како и неколку здруженија на граѓани
чија дејност е негување на изворниот мелос, модерната музика, сликарството и
сл.


Манифестации

Најзначајна културно-научна манифестација е „Гоцеви Денови“
која традиционално се одржува секоја година, во почетокот на месец јуни.
Манифестацијата првпат започна во Делчево во 1966 година и набргу од локален
преку државен доби интернационален карактер.



Наследство

Заради поволните климатски услови, Пијанечката Котлина била
населена во континуитет од праисторијата до денес.'

Споменично и културно наследство

Црквите и манастирите изградени кон средината на 19 и почетокот
на 20 век претставуваат знаменити обележја за Делчево и околните места.
Најзначајна и најстара е црквата Св.Петка во Селник, изградена во 13 век, а
живописана во 16 век.

Народни носии и везови

Изобилството со волна, коноп и памук во минатото давало поволни
можности за развој на текстилното творештво во кое се вткаени умешноста,
досетливоста и духот на живеењето на жената како народен
творец.

Драмско студио 2000

Аматерското „Драмско студио
2000“ - Делчево е формирано во Септември 2000 година во Делчево во
склоп на домот на културата „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево, врз основите на
претходното драмско студио, по иницијатива на домот на културата
„Н.Ј.Вапцаров” и Миле Горгијоски. Во ова драмско студио членуваа некои
од добро познатите постари членови од претходното драмско студио, а беа
примени и неколку нови но доста надежни членови.

Културно уметничко друштво „Гоце Делчев“

Македонскиот фолклор надалеку познат по својата мелоритмичка убавина и
богатство, на најдобар можен начин го презентираат и афирмираат
културно уметничките друштва.
Во
овој домен мошне значаен е и придонесот на КУД „Гоце Делчев“ од
Делчево, Република Македонија, кој што го носи името на големиот
македонски револуционер.

Разловечко востание

Слободољубивиот и непокорлив
народ од овој крај својот револт против турските злодела-потурчувањето,
даночните злоупотреби и друго го изразил во првото организирано
востание на македонскиот народ против турското ропство од 8 мај 1876
година познато под името Разловечко востание.

Етно парк „ПИЈАНЕЦ“

Пијанечкиот крај е еден од
ретките посебни предели во Република Македонија, кој благодарение на
својата географска и етничка изолираност, претставува посебна
етнографска целина со мошне разновидни и релативно добро сочувани
култирни добра од исклучива споменична вредност.
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeСре 23 Јан 2008 - 7:10

Тоа е што можев да најдам за Делчево друго нешто ако ве интересира прашајте слободно ке се потрудам да најдам некои информации.
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeСаб 26 Јан 2008 - 21:42

не потекнувале сите цареви од таму Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
kucka
Зависник
kucka

Број на мислења : 240
Age : 35
Location : Moon Kingdom - Earth
Registration date : 2008-01-03

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeНед 27 Јан 2008 - 4:07

сега се образовавме ...
баш делува на интересно местенце Smile

_________________
Delcevo - Page 2 588701cygbxcns6d
Вратете се на почетокот Go down
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeНед 27 Јан 2008 - 4:28

не само што делува местото е супер rendeer
Вратете се на почетокот Go down
http://HostingMacedonia.com
fupi
Почетник


Број на мислења : 1
Location : latino amerika
Registration date : 2008-07-08

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeПон 4 Aвг 2008 - 22:53

zivea vo argentina i 2 godini ne sam bil doma vo delcevo, tuka se ok ama doma si e doma jebiga, kako prvo tuka nemaa dzankova rakija ni pa sirenje za meze
Вратете се на почетокот Go down
darknessfairy
Почетник


Број на мислења : 1
Age : 50
Location : Cyprus
Registration date : 2011-01-06

Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitimeЧет 6 Јан 2011 - 12:05

crazycko напиша:
Eh, Delcevo...
Ne sum bila nikogas i ne sum go ni videla na sliki.Mi kazuvaat ubavo gradce bilo, pa si vikam nema da bide loso da namineme so ViRuS i tamu na kafe pa da go razgledame i gradot malku Smile
Se nadevam deka ke mi ostavi dobar vpecatok Very Happy
Pa ako ste Delcevcani ili ako ste bile nekogas tamu pisete po nkoj zbor za gradceto lugeto sto ziveat tamu, atmosferata vo Delcevo...
Informirajteme malku poveke da znam sto bi me ocekuvalo.
Ajt pozz Very Happy


Ami devojko vsichko koeto e Bulgarsko e krasivi i hubavo ,taka i Delchevo .Krasiv grad ama Bulgarski.Az se chudja samo zashto ne si priznaete che ste Bulgari ,sramuvate li se .Ta kajete mi Makedonski ezik ima li? , NE NJAMA,Makedonska pismennost ima li ? NE NJAMA -Togava za kakva makedonija govorite ,nauqete si istorijata i togava govorete i pishete po forumite gospoda ( makedonci) Ta kajete mi i kakvo e makedonskata pismennos ?-Ami shte vi otgovorja vednaga,tova e bulgarski napisan nan srubska mashina,tova e (MAKEDONSKIJA EZIK)
A ...iskam da popitam i oshte neshto -kato se biete v gurdite qe ste (Makedonci)zashto visite v Bulgarija i podavate kato ludi dokumenti za BULGARSKI PASPORTI,nali ste ( MAKEDONCI).Nikoga ne e imalo takava durjava prosto ako si prochetete vnimatelno istorijata shte razberete che v SUSHTNOST (MAKEDONIJA )e Bulgarija .Aide sega po jivo ,po zdravo budete usmihnati i vseli i prez 2011 i uchete poveche ISTORIJA.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Delcevo - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Delcevo   Delcevo - Page 2 Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Delcevo
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Delcevo Forum :: Од Животот :: Општо за градот-
Отиди до: