Delcevo Forum

Best Forum
 
HomeHome  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share
 

 Инсталирање на Windows Vista

Go down 
АвторПорака
[[kicX]]
Напреден член
[[kicX]]

Број на мислења : 98
Registration date : 2008-01-02

Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: Инсталирање на Windows Vista   Инсталирање на Windows Vista Icon_minitimeНед 6 Јан 2008 - 12:00

Дали сакате да ги истражувате можностите на новиот оперативен систем Windows Vista, меѓутоа се уште не сте подготвени да се откажете од Windows XP? Сеуште се двоумите бидејќи не сте 100 проценти сигурни дека вашата конфигурација на компјутерот (хардверот и софтверот) ќе работи во Vista.
Ако е така тогаш сте совршен кандидат за инсталирање на два оперативни системи на еден компјутер. За да ја инсталирате Windows Vista на компјутер на кој има инсталирано Windows XP ви е потребнo да направите уште една партиција или да инсталирате втор хард диск. За инсталацијата на Windows Vista ви е потребно да имате најмалку 15 GB (но колку повеќе толку подобро) слободно место на партицијата или втор хард диск каде што сакате да го инсталирате новиот оперативен систем. Ако немате доволно место на хард дискот за да направите нова партиција тогаш ќе треба да инсталирате втор хард диск на вашиот каомпјутер. Но ако имате доволно место на хард дискот, а имате само една партиција тогаш ќе треба да искористите некој софтвер (на пр. PartitionMagic, Acronis Disk Director или VCOM Partition Commander Professional) за да направите уште една партиција. Детална инструкција како да инсталирате нов хард диск или да направите нова партиција не се вклучени во оваа статија. Како и да е, вториот хард диск или втората партиција треба да се форматирани со NTFS фајлов систем пред да започнете со инсталацијата. Ако правите втора партиција со некои од програмите наменети за таа работа тогаш за време на креирањето на партицијата можете да ја форматирате во NTFS. Ако приклучите нов хард диск, тогаш најлесен начин за форматирање во NTFS формат е преку Disk Manager во Windows XP, кој најбрзо можете да го уклучите со притискање на [Windows]+R и да ја внесете командата:

diskmgmt.msc

([Windows] е копчето на кое се наоѓа логото на Windows).

Инсталацијата на Windows Vista може да ја започнете на два начина, со бутирање од DVD-то на кое се наоѓа Windows Vista или вклучување на инсталацијата преку Windows XP. И со двата методи резултат ќе биде ист. Јас го претпочитам начинот со бутирање од DVD-то на кое се наоѓа Windows Vista.

Започнување на инсталацијата

DVD-то со Windows Vista стави го во DVD-ромот и рестартирај го компјутерот. Откако ќе се бутира од DVD-то, инсталацијата на Windows Vista ќе започне да се подига (анг. loading). Слика 1.


Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_1
слика 1

Од кога ќе заврши подигањето на инсталацијата, ќе ви се прикаже екран како на слика 2, каде ќе ви се бара да ги изберете јазикот и регионот.


Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_2
слика 2

Следно што треба да направите е да ја продолжите инсталацијата со кликање на копчето Install Now. Го внесувате клучот за активација на пакетот (анг. product key for activation) и полето кај што пишува Automatically Activate Windows When I’m online ќе го отштиклирате (активацијата на Windows-от на интернет можете да ја направите подоцна), како што е прикажано на слика 3.

Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_4
слика 3

Кога ќе продолжите со инсталацијата кликнувајќи на копчето Next, ако ја имате отштиклирано опцијата за автоматско активирање кога сте на интернет , ќе ви се појави прозорец како на слика 4, на кој пишува да се преиспитате за избраната опција. Тој прозорец можете слободно да го игнорирате со кликнување на копчето No.

Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_5
слика 4

Ако не внесете клуч за продуктот (ang. product key) Windows Vista инсталацијата нема да знае точно кој пакет сакате да го инсталирате па затоа ќе ви се појави еден прозорец на кој ги има излистано сите пакети на Windows Vista од која листа вие ќе треба да изберете еден. Слика 5. Го избирате пакетот, го штиклирате квадратчето кое се наоѓа најдолу и продолжувате со Next.

Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_6
слика 5

Обележувате дека сте согласни со условите кои ги дава Microsoft и продолжувате со кликнување на копчето Next. Ако инсталацијата ја почнавте со бутирање од DVD кога ќе стигнете до страницата Which Type Of Installation Do You Want, единствена опција која можете да ја бирате е Custom (advanced) . За да продолжите само кликнете врз иконата Custom. Кога ќе стигнете до страницата Where Do You Want To Install Windows, ќе ја ги видите сите ваши партиции или хард дискови кои ги имате. Ја избирате партицијата или хард дискот на кој сакате да го инсталирате Windows Vista и продолжувате со кликање на Next. Откако ќе заврши инсталацијата компјутерот ќе се рестартира и ќе се прикаже менито на Windows Boot Manager, како на слика 6,

Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_10
слика 6

каде што можете да изберете кој оперативен систем сакате до го вклучите, Windows XP (прикажан како Earlier Version of Windows) или Windows Vista. Ако за 30 сек. не го изберете саканиот оперативен систем, автоматски ќе се стартува Windows Vista. Но, се разбира ако не ви одговараат овие опции можете подоцна да ги смените во System Properties (кратенка [Windows]+[Pause/Break]) -> Advanced -> Settings in the Startup and Recovery.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
miaaa
Напреден член
miaaa

Број на мислења : 90
Registration date : 2008-01-05

Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: Re: Инсталирање на Windows Vista   Инсталирање на Windows Vista Icon_minitimeСаб 12 Јан 2008 - 15:43

eee super bravos mozebi nekogas ke mi treba pa ke zirnam tuka Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: Re: Инсталирање на Windows Vista   Инсталирање на Windows Vista Icon_minitimeНед 20 Јан 2008 - 2:53

na sred instalacija ako neso ne ti e jasno restart dzirni si pa prodolzi pak Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://HostingMacedonia.com
c/windows
Почетник
c/windows

Број на мислења : 9
Registration date : 2008-02-21

Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: Re: Инсталирање на Windows Vista   Инсталирање на Windows Vista Icon_minitimeЧет 21 Фед 2008 - 14:33

А бе виста оперативнио систем врска нема, имам пробано на лаптоп и е ногу смотано ептен са ја утнали работата, од XP подобро нема, освен ако не направат некои корекции со кои ке се подобри работата на виста. А кој сака да си го утупи pc-то нека инсталира 2 оперативни системи..
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark Assasin
Почетник
Dark Assasin

Број на мислења : 16
Location : Пред Компјутер
Registration date : 2008-03-11

Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: Re: Инсталирање на Windows Vista   Инсталирање на Windows Vista Icon_minitimeВто 18 Мар 2008 - 17:02

Za Vistata vo pravo si,ama za 2 operativni sistemi ne si Very Happy Jas imam WinXP Pro i Ubuntu Linux na ist kompjuter,pa se si e vo red,si rabotit ko normalno
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: Re: Инсталирање на Windows Vista   Инсталирање на Windows Vista Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Инсталирање на Windows Vista
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Delcevo Forum :: Pc & Интернет :: Софтвер-
Отиди до: