Delcevo Forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Delcevo Forum

Best Forum
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Хардвер

Go down 
3 posters
АвторПорака
miaaa
Напреден член
miaaa


Број на мислења : 90
Registration date : 2008-01-05

Хардвер Empty
ПишувањеПредмет: Хардвер   Хардвер Icon_minitimeСаб 5 Јан 2008 - 23:10

Хардвер е програмскиот дел на компјутерот.
И се дели на три основни компоненти:
-Централна единица (системска единица)
-Периферни (влезни, излезни и влезно излезни единици)
-Единици за надворешна меморија.

Централна единица

Централната единица е сместена во лимена кутија наречена куќиште.
На предната страна од куќиштето е копшето за влклучување/исклучување на компјутерот, копчето за ресетирање, различни светлосни индикаори, како и отворите за дискетна единица и единицата за компакт диск.
Основни компоненти на централната единица се: процесорот, централнта меморија(внатрешната меморија), разни електронски кола, разни комуникациски приклучоци и други компоненти, поврзани помеѓу себе со магистрали.


Процесор

Во процесорот се врши обработка на податоци. Процесорот ги прима податоците внесени преку влезните единици и единиците за надворешна меморија, ги обработува со соодведни програми и ги испраќа на излезните единици.


Централна меморија

Основната функција на централната (внатрешната) меморија е чување на програмите и податоците во текот на работата на компјутерот. Меморијата е оформена од основни мемориски елементи наречени бајти. Во секој бајт може да се мемоира (регистрира, запамети) еден знак (буква, цифра или специјален знак). Со развојот на компјутерите капацитетите на мемориите постојано се зголемувале на капацитетот на меморијата се изразува во килобајти ( 1=1024 бајти) , мегабајти ( 1 МB= 1024 KB), гигабајти ( 1GB=1024MB), терабајти (1TB=1024Gb). Денес капацитетите на централните мемории се мерат во мегабајти и се движат од неколку 10-ци до неколку 100-ци мегабајти.


Магистрали

Магистралите се многу важни елементи во компјутерите, бидејќи преку нив се поврзани и разменуваат податоци најбитните компоненти на компјутерот. Магистралата може да се замисли како одреден број линии (жички) што ги поврзуваат компонентите на компјутерот.


Периферни единици

Човекот комуницира со компјутерот преку посебни уреди познати како периферни уреди (влезни, излезни и влезно-излезни единици).
Приклучоците за поврзување на овие периферни уреди најчесто се од задната страна на куќиштето. Два типични приклучока се сериски приклучок за прклучување печатач, скенер и диск единица.

Влезни единици

Преку влезните единици корисникот ги внесува информациите во компјутерот: програми, податоци, наредби и слично. Поважни влезни единици се: тастатура, глубче, скенер, светлосно перо, трекбол, палка и др.

Излезни единици

Излезните единици имаат обратна задача од влезните единици. Преку нив компјутерот ги соопштува на корисникот резултатите од извршената обработка. Поважни излезни единици се: монитор, печатач и звучник.

Влезно-излезни единици

Периферните единици преку кои се внесуваат влезните податоци и на кои се добиаат излезните податоци се нарекуваат влезно излезни едници. Една од најкорисните влезно излезни единици е модемот. Модемот е уред кој мора да го има вашиот компјутер доколку сакате да приклучите интернет. Модемот преку телефонската линија го поврзува компјутерот со други оддаленечени компјутери.


Надворешна меморија

Надворешните мемории се уреди кои долготрајно ги чуваат податоците. Појавата на надворешните мемории била наменета од неможноста централната меморија да ги чува податоците и по исклучувањето на компјутерот од електрично напојување. Во продолжение ќе се задржиме на некои надворешни мемории.

Магнетен диск

Магнетен диск (тврд диск) се состои од неколку кружни плочи поставени на заедничка оска и прекриени со специјална материја (метален оксид) на кои со помош на магнетни глави се меморираат или исчистуваат податоци. Плочите брзо ротираат цело време додека работи компјутерот. Централната конструкција на единицата на тврд диск е херметички затворена. Вообичаено тврдиот диск е сместен во внатрешноста на куќиштето.

Магнетна дискета

Магнетна дискета- Дискета е кружна намагнетизарана плоча, сместена во пластична футрола, на која има отвор преку кој со помош на вградени магнетни глави во дискетната единица, се врши читање и запишување на податоци. Дискетата се става во дискетната единица преку посебен отвор (вратичка), кој најчесто се наоѓа на предната страна од куќиштето.

Компакт диск ( CD )

Се користи како надворешна меморија на која се сместени големи количества податоци ( 650 MB-2G ). Компакт дисковите денес имаат огромна примена за складирање мултимедијалните податоци (слики, видео, аудио). Можат да соджрат цели енциклопедии, реченици, атласи, програмски пакети и друго.









Вратете се на почетокот Go down
raperka^^
Напреден член



Број на мислења : 110
Registration date : 2007-12-31

Хардвер Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хардвер   Хардвер Icon_minitimeНед 6 Јан 2008 - 3:07

braoska si bila mn pametna bre Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
miaaa
Напреден член
miaaa


Број на мислења : 90
Registration date : 2008-01-05

Хардвер Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хардвер   Хардвер Icon_minitimeНед 6 Јан 2008 - 14:03

hehe pa za gabe li u4am informatika Smile
Вратете се на почетокот Go down
miaaa
Напреден член
miaaa


Број на мислења : 90
Registration date : 2008-01-05

Хардвер Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хардвер   Хардвер Icon_minitimeНед 6 Јан 2008 - 17:10

hah internetot e priklu4en na kompjuterot e sostaven od hardver i softver ete ti obrazlozenie za hardver i softver
Вратете се на почетокот Go down
crazycko
Admin
crazycko


Број на мислења : 231
Age : 40
Location : Germany
Registration date : 2007-12-31

Хардвер Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хардвер   Хардвер Icon_minitimeНед 6 Јан 2008 - 17:37

Е вака неколку постови веќе ги избришав ако има некој некои поплаки нека ми пише мене.
Сте седнале да се карате каде е и што е уместо да замите и нешто поасално да прајте.
Постовите се од мене избришани и не би сакала да видам пак вакви постови.
Ајт поздрав
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonia.0rg.fr/
Sponsored content





Хардвер Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хардвер   Хардвер Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Хардвер
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Delcevo Forum :: Pc & Интернет :: Хардвер-
Отиди до: