Delcevo Forum

Best Forum
 
HomeHome  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share
 

 Новости од светот и кај нас

Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Тоше Проески - личност на годината   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПон 31 Дек 2007 - 8:10

Со своите успеси и хуманитарните настапи Тоше е Човек на 2007 година, а човечноста и духовноста што тој ги поседуваше го издигнаа и до вредноста што се смета за мит



„Посакувам само да сум здрав и жив, а музиката да биде се' уште моја најголема инспирација. Истото им го посакувам и на моите фанови. Ништо не е вредно како здравјето“. Тоа беа желбите со кои Тоше Проески почна да ги одбројува првите денови од новата 2007 година. Беше полн со оптимизам и со енергија за новите предизвици што го очекуваа на професионален план. Освојувањето на грандиозната белградска „Арена“ беше неговиот прв и најкрупен „залак“, кој многумина го нарекоа - невозможна мисија. Но, тој и неговиот тим веруваа во успех. Одбра да пее на 14 февруари - празникот на лозарите и на вљубените. Истата вечер во Белград се одржуваа неколку концерти. Сепак, луѓето што се упатуваа кон „Арена“ беа најмногубројни. Публиката лудуваше од првата до последната песна. Како и на сите свои настапи и тогаш не ја испушти шансата да ги презентира македонската култура, песна и традиција. Негови гости беа членовите на ансамблот „Танец“. Тоше го живееше најзначајниот миг од својата кариера - пееше пред 20.000 луѓе. Невозможната мисија стана можна. По концертот одекнуваа позитивни критики како во македонските така и во српските медиуми. Тој успеа да го направи тоа, за што многу ѕвезди од балканските простори се' уште сонуваат.

Неговите планови не запреа на тоа. Тоше ја сними прекрасната тема „Арија“, во дует со познатата италијанска дива Џана Нанини. Со неа планираше да го почне освојувањето на Европа. Неколкупати го посети Лондон, каде што ги доработуваше песните од албумот наменет за англискиот пазар. Тајните за тој дел од својата кариера, планираше да ги обелодени кон крајот на годината.



И покрај многубројните обврски, не ја заборави хуманоста. Во почетокот на март Тоше стана специјален партнер на новата национална информативна кампања на УСАИД. Во неколку училишта ја пренесуваше главната порака на Проектот за основно образование. На 15 март учествуваше и во големата крводарителна акција на Црвениот крст, реализирана во соработка со „Космофон“, неговиот постојан спонзор. Кон крајот на април, беше дел и од кампањата на хрватското Министерство за здравство. Со Антонија Шола ја сними песната „Волим осмех твој“.

Следниот месец повторно им се врати на музичките активности, со голема концертна турнеја во неколку градови во Србија и во Хрватска. Одвојуваше време и за гостување во медиумите од земјите на поранешна Југославија. Во популарното хрватско „Зухра шоу“, посветено на 40-годишниот јубилеј на композиторот Ѓорѓе Новковиќ, Тоше Проески на прекрасен начин ја интерпретира незаборавната „Остала си увјек иста“, еден од хитовите на Мишо Ковач. Во чест на големиот композитор, чија ненадејна смрт ја потресе целата балканска музичка јавност, Тоше одлучи „Остала си увјек иста“ да ја стави на својот нов албум, кој веќе го подготвуваше. Во меѓувреме, „Далас рекордс“ го објави проектот „Божилак“ и во Словенија и во Хрватска, но поради смртта на Ѓорѓе Новковиќ, Тоше ја одложи промоцијата. Преку „Божилак“, младите од сите поранешни југословенски простори се вљубија во македонската староградска песна. „Зајди, зајди“ стана нивна химна. Во јуни настапи на престижниот хрватски Радиски фестивал, кој се одржа на Хвар. Непосредно пред фестивалот, Тоше и Антонија Шола го снимија спотот за хит-нумерата „Волим осмех твој“. На Радискиот фестивал ја оправда улогата на фаворит и освои дури пет награди: Гран при, најдобар поп-рок изведувач од читателите на весникот „24 часа“ и најслушана песна на радијата „С“ од Србија, „М“ од Босна и Херцеговина и „Скала“ од Котор. Неговата песна „Вежи ме за себе“ освои дури 4.000 гласа повеќе од второпласираниот во поп-рок вечерта. Тоше на Хвар беше голема ѕвезда, по него „лудуваа“ сите - од обожаватели до претставници на седмата сила. Вечерта по фестивалот одржа концерт, на задоволство на сите свои фанови.

По враќањето од Хвар реши да земе два месеца одмор. Како голем верник посакуваше да го посети Израел. Таа желба му се оствари кон крајот на јуни. На 1 август во продажба се појави неговиот нов, седми едноподруго албум наречен „Игри без граници“ на хрватски и на македонски јазик. Официјално, проектот, пред претставниците на медиумите и на неговите блиски соработници и пријатели беше промовиран на 13 септември во „Александар палас“. Следуваше промоцијата на цедето во градовите од поранешна Југославија.



Последен пат со македонските новинари се сретна на 3 октомври, по повод големиот хуманитарен концерт на УСАИД, наменет за реновирање на училиштата во земјава. Таму, претставниците на „фолксваген“ му ги дадоа клучевите од новиот џип „Туарег“. Радоста кај него беше неизмерна. Два дена подоцна, на Градски стадион повеќе од 15 илјади посетители во еуфорично расположение го проследија неговиот незаборавен тричасовен концерт. По овој спектакл, замина во Крушево на еднонеделен одмор. Во тие денови го одигра и својот прв натпревар за одбојкарскиот клуб „Синалко“, кој и сам го спонзорираше. На 16 октомври со својата менаџерка тргна на службено патување во Загреб, со новиот џип, кој го возеше неговиот пријател. Тешката сообраќајна несреќа, која се случи во 6 часот и 20 минути, кај местото Нова Градишка, во која го загуби животот ги прекина сите негови патувања, надежи и успеси. Македонија и Балканот беа во шок и солзи.

На 22 октомври требаше да замине за Лондон, да ги финализира работите за англискиот албум, за кој сними осум песни од познати светски автори. Неговите промотори во Англија преговараа да пее во дует со Бијонсе, да сними насловна нумера за новиот филм на Мартин Скорсезе, да отпее две песни што ќе се најдат на саундтракот за хит-серијата „Херои“. Веруваа и тврдеа дека ќе стане новиот Роби Вилијамс. Во неговиот компјутер останаа уште многу композиции, кои ги создаде во миговите на инспирација и кои не стигна да ги отпее. Оваа година се прекина и традицијата на 25 декември де се сретне и да ги прегрне своите големи обожаватели - децата со посебни потреби. Секоја година на овој ден пееше само за нив.



Новата 2008 година требаше ја дочека работно - во Будва. А потоа, за Божик, традиционално да си дојде во Крушево и со своето семејство да го прослави овој голем христијански празник. На 25 јануари ќе го прославеше својот 27 роденден.

Со своите успеси и хуманитарните настапи Тоше е Човек на 2007 година. А човечноста и духовноста што тој ги поседуваше го издигнаа и до вредноста што се смета за мит. Ќе ја дочекаме првата Нова година без Тоше. Затоа, кога стрелките на часовникот ќе се совпаднат насмевнете се, посакајте си здравје за себе и за најблиските. Помислете на добрината и на љубовта и обидете се да им ги давате на сите околу вас во текот на целата година. Само така ќе го зачувате споменот на нашиот ангел!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПон 31 Дек 2007 - 16:39

Па и не треба да биде само на годината треба и нешто повеке.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://HostingMacedonia.com
InfinityCafe
Почетник
InfinityCafe

Број на мислења : 18
Age : 31
Location : Delcevo
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПон 31 Дек 2007 - 18:40

Tose e vise legenda i nema so drugo da se kaze takov covek nema da se rodi vo makedonija vise nikogas poso vo makedonija se sto e dobro mnogu brze go odnemuva ili pa ke bide eliminirano od nekoj
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Личност на годината закон   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 1 Јан 2008 - 7:59

Со своите успеси и хуманитарните настапи Тоше е Човек на 2007 година, а човечноста и духовноста што тој ги поседуваше го издигнаа и до вредноста што се смета за мит.

„Посакувам само да сум здрав и жив, а музиката да биде се' уште моја најголема инспирација. Истото им го посакувам и на моите фанови. Ништо не е вредно како здравјето“. Тоа беа желбите со кои Тоше Проески почна да ги одбројува првите денови од новата 2007 година. Беше полн со оптимизам и со енергија за новите предизвици што го очекуваа на професионален план. Освојувањето на грандиозната белградска „Арена“ беше неговиот прв и најкрупен „залак“, кој многумина го нарекоа - невозможна мисија. Но, тој и неговиот тим веруваа во успех. Одбра да пее на 14 февруари - празникот на лозарите и на вљубените. Истата вечер во Белград се одржуваа неколку концерти. Сепак, луѓето што се упатуваа кон „Арена“ беа најмногубројни. Публиката лудуваше од првата до последната песна. Како и на сите свои настапи и тогаш не ја испушти шансата да ги презентира македонската култура, песна и традиција. Негови гости беа членовите на ансамблот „Танец“. Тоше го живееше најзначајниот миг од својата кариера - пееше пред 20.000 луѓе. Невозможната мисија стана можна. По концертот одекнуваа позитивни критики како во македонските така и во српските медиуми. Тој успеа да го направи тоа, за што многу ѕвезди од балканските простори се' уште сонуваат.

Неговите планови не запреа на тоа. Тоше ја сними прекрасната тема „Арија“, во дует со познатата италијанска дива Џана Нанини. Со неа планираше да го почне освојувањето на Европа. Неколкупати го посети Лондон, каде што ги доработуваше песните од албумот наменет за англискиот пазар. Тајните за тој дел од својата кариера, планираше да ги обелодени кон крајот на годината.



И покрај многубројните обврски, не ја заборави хуманоста. Во почетокот на март Тоше стана специјален партнер на новата национална информативна кампања на УСАИД. Во неколку училишта ја пренесуваше главната порака на Проектот за основно образование. На 15 март учествуваше и во големата крводарителна акција на Црвениот крст, реализирана во соработка со „Космофон“, неговиот постојан спонзор. Кон крајот на април, беше дел и од кампањата на хрватското Министерство за здравство. Со Антонија Шола ја сними песната „Волим осмех твој“.

Следниот месец повторно им се врати на музичките активности, со голема концертна турнеја во неколку градови во Србија и во Хрватска. Одвојуваше време и за гостување во медиумите од земјите на поранешна Југославија. Во популарното хрватско „Зухра шоу“, посветено на 40-годишниот јубилеј на композиторот Ѓорѓе Новковиќ, Тоше Проески на прекрасен начин ја интерпретира незаборавната „Остала си увјек иста“, еден од хитовите на Мишо Ковач. Во чест на големиот композитор, чија ненадејна смрт ја потресе целата балканска музичка јавност, Тоше одлучи „Остала си увјек иста“ да ја стави на својот нов албум, кој веќе го подготвуваше. Во меѓувреме, „Далас рекордс“ го објави проектот „Божилак“ и во Словенија и во Хрватска, но поради смртта на Ѓорѓе Новковиќ, Тоше ја одложи промоцијата. Преку „Божилак“, младите од сите поранешни југословенски простори се вљубија во македонската староградска песна. „Зајди, зајди“ стана нивна химна. Во јуни настапи на престижниот хрватски Радиски фестивал, кој се одржа на Хвар. Непосредно пред фестивалот, Тоше и Антонија Шола го снимија спотот за хит-нумерата „Волим осмех твој“. На Радискиот фестивал ја оправда улогата на фаворит и освои дури пет награди: Гран при, најдобар поп-рок изведувач од читателите на весникот „24 часа“ и најслушана песна на радијата „С“ од Србија, „М“ од Босна и Херцеговина и „Скала“ од Котор. Неговата песна „Вежи ме за себе“ освои дури 4.000 гласа повеќе од второпласираниот во поп-рок вечерта. Тоше на Хвар беше голема ѕвезда, по него „лудуваа“ сите - од обожаватели до претставници на седмата сила. Вечерта по фестивалот одржа концерт, на задоволство на сите свои фанови.

По враќањето од Хвар реши да земе два месеца одмор. Како голем верник посакуваше да го посети Израел. Таа желба му се оствари кон крајот на јуни. На 1 август во продажба се појави неговиот нов, седми едноподруго албум наречен „Игри без граници“ на хрватски и на македонски јазик. Официјално, проектот, пред претставниците на медиумите и на неговите блиски соработници и пријатели беше промовиран на 13 септември во „Александар палас“. Следуваше промоцијата на цедето во градовите од поранешна Југославија.



Последен пат со македонските новинари се сретна на 3 октомври, по повод големиот хуманитарен концерт на УСАИД, наменет за реновирање на училиштата во земјава. Таму, претставниците на „фолксваген“ му ги дадоа клучевите од новиот џип „Туарег“. Радоста кај него беше неизмерна. Два дена подоцна, на Градски стадион повеќе од 15 илјади посетители во еуфорично расположение го проследија неговиот незаборавен тричасовен концерт. По овој спектакл, замина во Крушево на еднонеделен одмор. Во тие денови го одигра и својот прв натпревар за одбојкарскиот клуб „Синалко“, кој и сам го спонзорираше. На 16 октомври со својата менаџерка тргна на службено патување во Загреб, со новиот џип, кој го возеше неговиот пријател. Тешката сообраќајна несреќа, која се случи во 6 часот и 20 минути, кај местото Нова Градишка, во која го загуби животот ги прекина сите негови патувања, надежи и успеси. Македонија и Балканот беа во шок и солзи.

На 22 октомври требаше да замине за Лондон, да ги финализира работите за англискиот албум, за кој сними осум песни од познати светски автори. Неговите промотори во Англија преговараа да пее во дует со Бијонсе, да сними насловна нумера за новиот филм на Мартин Скорсезе, да отпее две песни што ќе се најдат на саундтракот за хит-серијата „Херои“. Веруваа и тврдеа дека ќе стане новиот Роби Вилијамс. Во неговиот компјутер останаа уште многу композиции, кои ги создаде во миговите на инспирација и кои не стигна да ги отпее. Оваа година се прекина и традицијата на 25 декември де се сретне и да ги прегрне своите големи обожаватели - децата со посебни потреби. Секоја година на овој ден пееше само за нив.



Новата 2008 година требаше ја дочека работно - во Будва. А потоа, за Божик, традиционално да си дојде во Крушево и со своето семејство да го прослави овој голем христијански празник. На 25 јануари ќе го прославеше својот 27 роденден.

Со своите успеси и хуманитарните настапи Тоше е Човек на 2007 година. А човечноста и духовноста што тој ги поседуваше го издигнаа и до вредноста што се смета за мит. Ќе ја дочекаме првата Нова година без Тоше. Затоа, кога стрелките на часовникот ќе се совпаднат насмевнете се, посакајте си здравје за себе и за најблиските. Помислете на добрината и на љубовта и обидете се да им ги давате на сите околу вас во текот на целата година. Само така ќе го зачувате споменот на нашиот ангел!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Пејач На Годината   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 1 Јан 2008 - 8:01

Тоше Проески постхумно е прогласен за пејач на годината во Хрватска. Наградата на свеченото доделување на годишните награди на Мидеа сервис, одржано во хотелот "The Regent Esplanade", ја прими амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, господинот Стојан Руменовски.

Инаку, наградите на Медиа сервис се доделуваат во пет категории - за личност на годината, политичар, стопанственик, спортист и музичар, а во изборот за најзначајните личности во 2007 учествуваа повеќе од 200 новинари, уредници, колумнисти и претставници на сите релевантни хрватски медиуми и институции. Освен Тоше меѓу најдобрите се најдоа и Славен Билиќ, Иво Санадер и Бланка Влашиќ.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Тоше Замина Во Легендите   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 1 Јан 2008 - 18:23

Тоше замина во легендите

Настан што дефинитивно ја одбележа годинава што измина, за жал трагичен, е загинувањето на мегасвездата Тоше Проески.
Најпопуларниот македонски пејач загина на 16 октомври, на 26-годишна возраст, на автопат кон Загреб, кај Нова Градишка, кога џипот "туарег" управуван од Ѓорѓи Ѓорѓевски удри во приколка на камион. Тоше загина на самото место, а менаџерката Лилјана Петровиќ мина со полесни повреди.
Македонија ја прими веста за Тоше во неверување и шок. Поп-свездата беше погребана на 17 октомври, со највисоки државни и верски почести, во нејзиното родно Крушево. Градот беше мал за да ги собере сите оние што дојдоа да го испратат на неговото последно патување. Од балкански свезди до негови обожаватели. Вечерта по погребот беше одигран фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Андора. Резултатот беше 3:0, а натпреварот беше во чест на Тоше, кој повторно го наполни Градскиот стадион. Само десетина дена пред да загине, тој имаше голем концерт на тоа место, каде што се собраа речиси 30 илјади обожаватели. Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, кој игра за Лацио, на натпреварот со Реџина, кога даде гол, го соблече дресот под кој носеше маица со ликот на Тоше и му го посвети голот нему. Нашиот најдобар пијанист, Симон Трпчевски, му го посвети концертот во Лондон... Постхумно, Тоше беше прогласен за почесен граѓанин на Македонија. Неодамна се појави и поштенска марка со неговиот лик кој ќе патува низ светот, а последната песна што тој ја остави, "Македонија навива за вас", беше избрана за навивачка химна.
Последниот албум "Игри без граници", но и "Божилак", се уште се најпродаваните албуми кај нас, а во Хрватска достигнаа платинест тираж. Се уште го држи првото место на хрватските топ-листи. Хрватската публика го избра за личност на годината. Неговата пријателка и музичка соработничка, Антонија Шола, деновиве на радиото "Бубамара" ја промовираше песната "Ангелу", која ја напиша специјално за него. Дента на католичкиот Божиќ, во Ватикан, во рамките на божиќната програма, била емитувана 15-минутна емисија за Тоше, каде што бил прикажан како голем хуманитарец и духовно посветен на Бога. Ватиканските новинари, кои ја подготвиле емисијата, истакнале дека Тоше со целото свое битие им бил посветен на верата, хуманоста и на црквата, а неговите песни ги нарекле молитви. Во емисијата било истакнато дека тој за своја водилка во хуманоста ја сметал Мајка Тереза и откриле дека тој многу често одел во нејзината спомен-соба во Скопје, каде што пред нејзиниот портрет ги наоѓал духовниот мир и инспирацијата.


Владо Бучковски се разведе, па се ожени, па стана татко

Една од приказните што некаде во јануари на големо се раскажуваше беше брачната сага на експремиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски (44). По 18 години брак, тој се разведе од сопругата Анета, професор на Електротехничкиот факултет, со која има двајца синови - Дамјан (17) и Виктор (Cool. Децата останаа да живеат со мајка си. Неколку месеци по разводот, Бучковски ја објави венчавката со 27-годишната Катерина Мукаетова, своја блиска соработничка во времето кога беше премиер. Тие пролетта се венчаа во манастирот "Свети Наум" во Охрид, а во манастирскиот комплекс имаше мала свадбена веселба. Во септември тој честеше мекици за синот Матеј, кој го доби во бракот со Катерина.

Премиерот Груевски се ожени и стана татко

Премиерот Никола Груевски годинава по втор пат се ожени. Негова избраничка е 24-годишната Боркица, со која се венчаше на 10 мај, во Соборниот храм "Свети Климент Охридски", а свадбената веселба беше во хотелот "Холидеј ин". На премиерската свадба беа поканети околу 200 гости. Невестата носеше фустан, изработен во бутикот "Зијане", а премиерот беше облечен во црн свечен костум. Вицепремиерот Зоран Ставрески беше кум, а Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, - девер. На почетокот од ноември, премиерот стана татко. Му се роди ќеркичката Анастасија. Кога дознаа за веста, седницата што ја водеше вицепремиерот беше прекината. За да го прослави раѓањето на премиерското бебе, Владата се собра во ресторанот "Виториа" во центарот на Скопје, каде што се веселеше до раните утрински часови.

Александар Маленко се ожени со Русинка

Пливачот Александар Маленко (29) во декември се ожени по трет пат, со Русинката Татјана Михајлова Фјодорова (35), со која беше четири месеци во врска. Неодамна се венчаа во црквата "Света Софија" во Охрид, а во процедура е склопувањето граѓански брак. На Татјана ова и е четврти брак, од претходните има две деца. Маленко, пак, беше во брак со пејачката Сузана Турунџиева и со актерката Јелена Жугиќ, од кои има две деца. А беше и во кратка врска со пејачката Фани. Пред "Вест" да ја објави веста за неговиот трет брак, медиумите шпекулираа дека Русинката Татјана е Ирина Абрамович, поранешната сопруга на рускиот милијардер Роман Абрамович. Пред новогодишните празници, Маленко беше во Охрид и во Скопје со новата сопруга, а во Москва е од пред седум месеци.

Пилева тајно се омажи

Рок-пејачката Александра Пилева (27) летото тајно се омажи со Зоран Чадиев, селектор на ЖОК "Форца волеј". Пред да стапат во брак, тие подолго време беа во врска. Свадбата се одржа во најголема тајност, во Охрид. Венчавката беше во црквата "Света Богородица Перивлепта", а свадбената веселба во ресторанот "Антика" во Трпејца, во присуство на 20-ина блиски роднини и пријатели. Невестата беше облечена во кусо бело фустанче во рок-фазон. Забавата помина со рок-музика.


Диригентот Саша Николовски-Ѓумар втор пат рече да

Диргентот и професор на Музичката академија во Скопје Саша Николовски-Ѓумар, годинава се ожени со Камелија Левенска, директорката на "Роамфри". Свадбената церемонија се одржа во природа, на ридот каде што е манастирот "Света Троица" во Куманово. На свадбената веселба присуствуваа 200 луѓе. Романтична свадба во дабова шума, во манастир, на огромен тревник. Гостите седеа на камени масички, а беа служени исклучиво македонски специјалитети. Покрај трите групи, на свадбата имаше и гајди и кавали. Ова им е втор брак и на Саша и на Камелија. Саша беше во брак со познатата кореографка Сања Шутевска со која има ќерка, а Камелија има син од претходниот брак. Го чекаат првото бебе од својот брак, кое треба да се роди во јануари.

Ферус Мустафов со 33 години помлада девојка

Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов (57), по 35 години брак се разведе од сопругата Лиле. Таа се исели од заедничкиот стан и си замина за родната Струмица. Ферус веќе пет години е во љубовна врска со 24-годишната скопјанка Јелена Зафировска. Таа уште пред пет години се вработила во мотелот на Ферус, а по неколку недели се родила љубовта меѓу нив. Сега тие живеат заедно во мотелот "Ферус кинг" во скопската населба Ченто. Ниту Јелена, ниту кралот на ромската музика засега не најавуваат брак. Од бракот со претходната жена Лиле, тој има син и ќерка, и две внучиња.

Верица Пандиловска се сврши

Поп-пејачката Верица Пандиловска кон крајот на 2007 г. се сврши со велешкиот бизнисмен Звонко Гичев, со кого 11 години беше во љубовна врска. Свршувачката се одржа во ресторан во Тетово. Верица беше облечена во креација на Ненад Секирарски. Доби три комплети од злато од свршеникот, а свршеничкиот прстен, изработен од дијаманти и од оникс, е нарачан од Италија. Двојката ја планира свадбата за во мај.


Композиторот Дарко Димитров се раздели со сопругата

Композиторот и продуцент Дарко Димитров се раздели со сопругата Маја, со која беше седум години во брак. Тие ја имаат двегодишната ќерка Клара. Чаршијата шпекулираше дека причина за тоа што тој се исели од дома е поп-пејачката Елена Ристеска. Таа и Дарко се професионални соработници, тој е автор на повеќето нејзини песни, а и двајцата се дел од "М2 продукција". Во врска со овие шпекулации Дарко категорично велеше дека не се развел, туку дека само се иселил од дома. Велеше дека сега подобро функционираат со Маја и дека двајцата се грижат за ќерката.


Трета среќа за Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев (36) се ожени со 24-годишната Ана Ѓорѓиева, со која претходно беше во двегодишна врска. Ана е адвокат-приправник во адвокатската канцеларија на Апостолски. Свадбената веселба беше летото во манастирскиот комплекс "Свети Пантелејмон", во присуство на четириесетина гости. Кум на младите им е Сашо Мијалков, актуелниот шеф на ДБК. Пред бракот со Ана, Орце два пати се венчаше со Олга Костовска, ќерката на скопскиот градоначалник Трифун Костовски.


Гордана Нацева се омажи

Поранешниот капитен и голман на "Кометал", Гордана Нацева, се омажи на 23 март со Зоран Бошев, кого го познава одамна, од родното Свети Николе. Тој е вработен во Министерството за екологија. Двојката се венчаше во црквата "Света Петка", а свадбената веселба беше во хотелот" Холидеј ин". Гордана носеше креација на креаторката Антонија Ристоска, а на свадбата беа и нејзините колешки од "Кометал". Таа е во деветтиот месец од бременоста и го очекува бебето кон крајот на јануари.

Роберт Билбилов се ожени со манекенка

Композиторот и поп-пејач Роберт Билбилов се ожени со манекенката Ана Герасимовска. Чекаат принова. Свадбената веселба беше во скопскиот хотел "Арка". Невестата беше облечена во фустан на креаторката Сека Радончиќ, а Билбилов - во костум од "Бицијани". На свадбената журка присуствуваа речиси сите познати личности од поп-естрадата, а повеќето од нив се фатија за микрофонот за да испеат по некоја песна во чест на младите. Пред да се венчаат, Ана и Роберт беа во врска две години.

Фолк-пејачот Благоја Грујоски се разведе со Татјана

На почетокот од 2007 г. се разведоа фолк-пејачот Благоја Грујоски и водителката Татјана, сега Стојановска. Според нивните кажувања, причината за разводот не е неверство или некое особено несогласување, туку сфатиле дека подобро ќе функционираат одвоено. Тие го имаат деветгодишниот син Матеј, кој живее со неа. По разводот, Баже замина на турнеја во Америка.

Каролина во сериозна врска со Дино

И годинава чаршиските муабети не ја заобиколија поп-свездата Каролина. Причината за тоа е нејзината љубов Дино Балиќ, син на сопственикот на "Јамаха". На почетокот таа ја криеше љубовната врска и не сакаше да зборува за приватниот живот. Сега се почесто може да се видат заедно во скопските кафулиња и дискотеки. Летото тие беа на одмор во Сен Тропе, каде што летуваа и познатите свезди како Том Круз и Паф Деди.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Лени Кравитз во Белград   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПет 4 Јан 2008 - 1:08

Популарниот гитарист Лени Кравиц на 24 јули 2008 година ќе настапи во белградската „Арена“. Според пишувањето на дневниот весник „Блиц“, концертот на славниот американски музичар, автор на повеќе хитови е закажан за ова лето, а музичарот во февруари треба да го објави својот нов албум It’s Time for a Love Revolution, за дискографската куќа „Вирџин“. Интересно е дека на новиот албум 43-годишниот музичар свиреше речиси на сите инструменти. Албумот е сниман во студијата на Бахами, во Мајами, Париз и во Њујорк, а ќе ги содржи песните Bring It On и Will You Marry Me. Кравиц објаснува дека тие се создадени уште во 1993 година.

- Сакам да свирам во мали клубови бидејќи можам одблизу да видам како луѓето се забавуваат. Планирав да снимам двоен албум, но поради некои проблеми со издавачот не ја реализирав таа идеја. Сепак, мислам дека албумот е многу квалитетен и навистина интересен.


јако а!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
kucka
Зависник
kucka

Број на мислења : 240
Age : 35
Location : Moon Kingdom - Earth
Registration date : 2008-01-03

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПет 4 Јан 2008 - 22:22

Забележав дека има многу теми отворено со некои известувања kaко за Lenny Kravitz и Тоше Проески... Ве молам сите тие вести што ќе ги дознаете и новости да ги пастирате во оваа тема фалаааа Smile

_________________
Новости од светот и кај нас 588701cygbxcns6d
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСаб 5 Јан 2008 - 23:05

Според скопската радиостаница Фортуна, насловната тема од последниот албум на Тоше Проески "Игри без граници" е прогласена за најслушана во македонскиот етер. Во веќе традиционалниот избор на Радио Фортуна учествуваа 40 песни од 40 различни изведувачи од македонската и ју-естрадата, кои годинава беа најактуелни.

Изборот траеше вкупно четири недели и во емисијата Викенд ФМ, во која се претставуваа по 10 песни за кои потоа можеше да се гласа во тековната недела. На последната емисија на Викенд ФМ за оваа година, одржана на 30 декември 2007 година, беа сумирани сите податоци и се избра хитот кој ја одбележа изминатата година. Тоше Проески со темата "Игри без граници" значително се издвои од сите понудени материјали и заслужи да го носи епитетот - најслушана песна за 2007.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Satchmata
Почетник


Број на мислења : 11
Registration date : 2008-01-11

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСаб 19 Јан 2008 - 2:15

https://www.youtube.com/watch?v=IbyFP8Ku960

Спортска сала - Кочани
19.01.2008 Сабота

PACO OSUNA - Barselona, Spain

Fresh Union warm UP DJ`s>
L-KID /ACIKA /GORAN TECH /BACO.N /ALEX NOVA /C-PURE

start> 22.00
end> 04.00
[b]

http://www.myspace.com/pacoosuna
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСаб 19 Јан 2008 - 11:58

Новости од светот и кај нас Sun
Sun Microsystems ќе плати 1 милијарда долари за шведската софтверска
компанија MySQL, чија open source база на податоци се користи за некои
од најпосетените веб-сајтови во светот. Sun најавува дека со овој потег
ќе ја зајакне својата позиција на деловниот ИТ пазар, вклучувајќи го и
пазарот на бази на податоци вреден 15 милијарди долари. Од компанијата
наведуваат дека MySQL производната линија ќе помогне во понатамошната
поддршка за open source веб-апликациската платформа, позната под
називот LAMP
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://HostingMacedonia.com
Aleksandar
Admin
Aleksandar

Број на мислења : 288
Age : 35
Location : Најверојатно Дома...
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСаб 19 Јан 2008 - 11:58

Новости од светот и кај нас Dell
На CES 2008, Dell претстави гејмерски монитор кој е еквивалент на пар
24-инчни монитори, а е заоблен со цел да понуди пореално гејмерско
искуство. Мониторот може да се користи со кој било компјутер и би
требало да се најде на пазарот во втората половина од годината. Има
резолуција од 2880x900 пиксели, а времето на одзив е 0.02 милисекунди.
За креирање на овој монитор во Dell искористиле екран со дигитална
обработка на светлината, кој служи како заднински проектор.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://HostingMacedonia.com
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 22 Јан 2008 - 16:46

Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење !
Објавено на: Јануари 19, 2008



Без никакво овластување и од засега се уште непознати причини, како што дознава ВЕЧЕР бил извршен обид да се уништи џипот во кој загина македонската мегаѕвездата Тоше Проески во Хрватска.

Возилото, кое е едно од клучните докази во истрагата што се води во Македонија, неколку дена по Новата година било изнесено од еден од четирите салони на автоцентарот "Зубак" во Загреб и однесено да се уништи. Туарегот требало да биде уништен со преса во еден од металните отпади на хрватскиот главен град.

Благодарение на барање за дополнително вештачење во Македонија, кое неодамна било испратено од истражниот судија Велче Панчевски, возилото било спасено буквално во последниот момент пред уништувањето.

Од загрепскиот автоцентар "Зубак", вчера за ВЧЕР изјавија дека во моментов туарегот на Тоше не се наоѓал во ниту еден од четирите нивни магацини. Оттаму објаснија дека веќе возилото било предадено на државните органи и дека не знаат каде е.

Освен обидот да се уништи, алармантен податок е и тој дека од моментот на несреќата па досега на неколку пати биле вадени и оргиналните делови. Што значи дека и во ваквата состојба во која се наоѓа сега "туарегот", без разлика каде и да е нему не му е веќе задржана првобитната оргинална состојба. Кој ги извршил замените на деловите и кој потпишал да се уништи "туарегот" останува да се расчисти. Нашиот весник досега ја споменуваше информацијата дека "Фолксваген" самоиницијативно прави ново вештачење во Хрватска, кое може да ги проблематизира резултатите од вештачењето во Македонија.

Возилото досега најмалку пет-шест пати беше пренесувано од едно на друго место, а дел од механичките траги во најголем дел се исчезнати. Откога ќе пристигне "туарегот" во Македонија, и по извршеното домашно ново вештачење од судот, може да не биде веродостојно, велат консултираните експерти за ВЕЧЕР. Инаку, во Обвинителството се уште немаат донесено одлука дали ќе биде покренато обвинение против возачот на "туарегот", Ѓорѓе Ѓорѓевски. Ќе почекаат да се направи вештачење на возилото, по барањето на истражниот судија, иако сметаат дека тоа не е потребно.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 22 Јан 2008 - 16:49

Избрканите пејачи ја бараат правдата
Објавено на: Јануари 16, 2008



Промената на одлуката на домашниот избор за Песна на Евровизија, наместо 21 да бидат вклучени само првично планираните 15 песни, очекувано предизвика лавина од реакции. Изведувачите на шестте песни, со кои прво требаше да биде збогатена програмата, а потоа беа причина за раскол, револтирани и сите со заеднички став најавуваат тужба и бараат нов конкурс, нов избор и смена на членовите на жирито. Незадоволни од одлуката на Колегиумот на МТВ, кој, според нив, под притисоци на одредени личности кои сакаат да извлечат лична корист, преку ноќ ја сменил одлуката Бојан 13 и Биг Мама, Маја Вукиќевиќ, Џокси и Агон, Сања Лефкова, Игор Шарески и Филип Јордановски на прексиноќешната прес-конференција го изразија своето незадоволство, заканувајќи се дека ќе си ги бараат правата. "Вложени се многу средства, па некој сега ќе мора да не обештети", велат пејачите.

"Чудно е од жирито, па се понатаму. Не може да решаваат луѓе кои се пристрасни. Не примија, па по иницијатива на Дарко Димитров решиле да се изземат овие песни. Многу плашливци, почнувајќи од Валентино Скендеровски се до Миланка Рашиќ", револтирано вели Боки 13, додавајќи: "Со Биг Мама имавме дует поразличен од се останато. Не баравме да победиме, туку побаравме народот да реши. Ќе понудевме шоу, но тие се исплашија затоа што ќе направевме нешто поинакво".
"Да ме оценува некој голем музичар да, но вакви дволичности. Зошто Дарко Димитров организирал петиција и зошто сите потпишувале под изговор дека се е против Боки и Биг Мама?! Што имаат толку против нас?! Ако не знаеме да пееме, ние ќе се срамиме", изјави револтираната Биг Мама, која вели дека биле жртви на уцени, тврдејќи дека и било понудено учество само ако се согласи на соло-настап.

Незадоволна од новините е и младата Сања Лефкова, која воопшто не се согласува со носењето одлуки преку ноќ. Се сомнева во целата работа затоа што наместо потпишување договор ја снашло отстранување од изборот. "Ми рекоа дека потпишувањето на договорот било одложено поради трагичната смрт на војниците, но очигледно не било така. Не треба да се менуваат работите секоја година. Доста се веќе скандали, па ова е срамота и непочитување на пејачите", вели Сања. Не помалку револт има и кај Маја Вукиќевиќ, која рече: "Кога дознав кој ќе не оценува, сфатив дека ќе има конфликт на интереси, ми беше се јасно и се вознемирив". Оштетените пејачи, велат, дека е време да се прекинат валканите игри. Подготвени се да одат докрај, а најавија и писмо до ЕБУ.

Според Миланка Рашиќ, шефицата на македонската евровизија делегација, ставот, оној што беше објавен на вестите на МТВ и на интернет страницата, е дефинитивен. Остануваат на бројката од 15 песни. "Не опоменаа, па ние и покрај добрата волја да го збогатиме изборот моравме да се вратиме на првичната замисла. Што се однесува до жирито, тоа е по идеја на уметничкиот директор Валентино Скендеровски. Освен Елена Ристеска дел од него се самиот директор, Стефан Чепишевски, Мартин Вучиќ и Каролина Гочева. Беше уредно поканет и Владо Јаневски, но тој поради обврски не дојде. Воопшто не може да се зборува за влијание на Елена Ристеска затоа што присуствував на самиот избор. Смешни се обвинувањата и навистина срамно е ова што се случува. Беспотребно е затоа што не може да се оспорува нечиј кредибилитет. Сметам дека ова што се случува понатаму нема никаква смисла", завршува Рашиќ.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 22 Јан 2008 - 16:50

Freedownload: "Уште те има" - Елвир Мекиќ
Објавено на: Јануари 22, 2008



""Уште те има" песната на Елвир Мекиќ од новиот албум "Опасно" што од неодамна е веќе на пазарот со себе носи и нов спот, и истиот ќе биде промовиран во Среда. Елвир за таа цел на своите верни слушатели им ја подарува песната за freedownload. За да ја симнете посетете ја download секцијата на РадиоМК. Се надеваме дека во иднина ќе имаме да ви понудиме уште многу вакви хитови
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСаб 26 Јан 2008 - 3:02

Тоше има само датум на раѓање!
Јануари 25, 2008


Вака гласеше мотото на минатогодишниот "Maл битолски Монмартр" во чест на нашиот Тоше, а верувам и дека сите ќе се сложиме со него. На денешен ден 25.01.1981 е роден нашиот славеј, симбол на хуманоста и љубовта, кои безусловно ги ширеше од своето срце, и несебично ја подаваше својата рака на секој кому му е потребна. На наша огромна жалост денешниот ден го одбележуваме во негов спомен,со огромна тага за прераната загуба. Во негова чест, денес на пладне во Македониумот во неговото родно Крушево, ќе бидат прикажани снимки од неговите настапи и фотографии, а неговиот бенд за прв пат по неговото загинување ќе ги отсвири неговите омилени композиции. Менаџерката Лилјана Петровиќ на неговиот гроб ќе ја положи бас гитарата која му ја ветила за неговиот денешен роденден, а неговиот внук Кристијан ќе ги добие ветените тапани од Тоше купени од Словенија.
Воедно денес ќе биде промовирана и фондацијата Тодор Проески, а исто така и ќе биде промовирана уште една песна во негова чест, "Порака" со музика на Горан Кан и вметнати молитви на Мајка Тереза, цитирани од мало детенце.
Македонците во Германија успеаа да ја остварат својата иницијатива и со одобрение од родителите на Тоше, во германскиот град Хилден, една улица ќе го носи неговото име.
Денес повеќе радио станици од Македонија,Србија,Хрватска и Босна и Херцеговина ќе емитуваат само песни од Тоше.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ, СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ НОСИМЕ ВО НАШИТЕ СРЦА! ТЕ САКАМЕ!!!Новости од светот и кај нас 04tosemacedonia
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeНед 27 Јан 2008 - 21:29

Илјадници свеќи за душата на ангелот

Jануари 27, 2008


Судбината одлучи Тоше да не дочека свеќи на роденденска торта на својот 27. роденден. Но, на неговото вечно почивалиште на Гумење, стотици фанови и пријатели, млади и стари од целата земја вчера го одбележаа роденденот на најголемата македонска поп-ѕвезда.
Редици луѓе чекаа да запалат свеќа, да остават порака или скромен подарок за својот миленик. Највпечатливи беа учениците со црвени срциња на кои беа испишани познатите рефрени на нивниот идол.
Владиката Стефан испеа молитва за нашиот ангел, а родителите и роднините не можеа да ја скријат својата болка. По свечената литургија, сите посетители се упатија кон крушевскиот музеј „Македониум“, каде што бендот на Тоше изведе неколку инструментални изведби на неговите најголеми хитови. Инструменталните звуци на „Боже, чувај ја од зло“ измами солзи од очите на сите. Наместо аплаузи, хитовите на Тоше беа проследени со плачот и лелеците на неговите родители и роднини.
Претседателот на фондацијата „Мајка Тереза“, Стојан Тренчевски, официјално ја отвори фондацијата „Тодор Проески“, чие седиште ќе биде во Крушево и ќе ја предводи таткото на Тоше, Никола Проески. Внукот на Тоше, малиот Кристијан го доби подарокот што неговиот вујко не стаса да му го даде - тапани од Словенија. Кристијан имаше чест и да ја обзнани бронзената статуа на Тоше изработена од вајарот Митко Тошев. Сестрата на Тоше, Дора ја откри првата слика-портрет на Тоше, која за фондацијата е подарок од градот Варна.
На роденденот на Тоше присуствуваа хрватската пејачка Антонија Шола и композиторот Мирослав Рус, текстописецот Огнен Неделковски, членови на продукциската куќа „Аворд“, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, неколку хрватски новинари и многу пријатели и познаници на Тоше. Антонија Шола, која беше блиска соработничка и пријателка на Тоше, објави дека хрватските медиуми постхумно го избрале Проески за пејач на годината во Хрватска.

Свеќи на плоштадот Македонија во Скопје

Со тажни лица и со свеќи во рацете многу скопјани вчера се собраа на плоштадот во Скопје и го одбележаа роденденот на нашата трагичнозагината мега-ѕвезда Тоше Проески.
Тие палеа свеќи во негова чест и се потсетија на него и на неговите песни, велејќи дека никогаш нема да го заборават.Новости од светот и кај нас Tose2006


Последната промена е направена од на Сре 13 Фед 2008 - 2:04. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПон 28 Јан 2008 - 2:09

На eвровозија заслужува: -Tриото, Елвир или Ламбе !?
Јануари 28, 2008


Кој заслужува оваа година да ја претстави Македонија на Евровизија во Белград? Уфф... тешко прашање од можните 10 одговори, преовладуваа неколку музички имиња кои според вас би требало да се најдат на сцената во Белградската арена на Евровизија 2008.
Од понудените музички имиња според вашите гласови ги рангиравме вака:

1. Врчак, Тамара и Адриан Гаџа
2. Елвир Мекиќ
3. Ламбе Алабаковски
4. Гиш
5. Анета Качуркова
6. Ристо Самарџиев
7. Ноне
8. Влатко Илиевски
9. Туна
10. Некој друг

Дали една песна може да стане хит без спот?
Новости од светот и кај нас Evrovision_logo
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 29 Јан 2008 - 15:31

Лидија Кочовска со песна и спот за Тоше
Јануари 29, 2008


Македонските автори Маја Павловска, Зоран Павловски и Дамир Имери напишаа песна, која му ја посветија на Тоше Проески. Како што велат тие, „Златен клуч“, која ја пее Лидија Кочовска, е нумера што била создадена спонтано и најискрено од нивните души.

- Песната е вистинска приказна и за неа снимивме спот со автентични снимки од нашата заедничка посета со Тоше на манастирот „Свето Преображение Исусово“, кои досега не се објавени. За спотот побаравме дозвола за прикажување и е одобрен официјално од семејството и од Славен Ристески, членот на Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше. Се' уште се чека на одобрението од Фондацијата „Тоше Проески“, за кое се надеваме дека ќе го добиеме кон крајот на оваа недела. Песната и спотот им ги подаруваме на сите слушатели и гледачи по повод роденденот на Тоше, уште еднаш да се потсетиме на неговата големина како човек и хуманист - велат авторите.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 29 Јан 2008 - 15:32

Соработка помеѓу Антонија и Огнен
Јануари 29, 2008


Антонија Шола и Огнен Неделковски, едни од најверните соработници на трагично загинатата ѕвезда Тоше Проески, во работна атмосфера во студиото на „Аворд“ продукција. Хрватската пејачка и актерка Антонија Шола реши својот деби-албум „Анџеле“, кој пред неколку месеци излезе во Хрватска, да го издаде и на македонски јазик. За некои текстови на песните, Антонија го ангажира Огнен Неделковски, а некои од препевите ќе ги работи и Весна Малинова.Новости од светот и кај нас A017


Последната промена е направена од на Сре 13 Фед 2008 - 2:06. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСре 30 Јан 2008 - 4:21

Златник со ликот на Тоше
Јануари 30, 2008


Златник со ликот на Тоше Проески е новиот предлог на македонските обожавателки, кои деновиве го упатија до медиумите. Тие, исто така, упатуваат предлози да се најде начин сите електронски медиуми секој ден да пуштаат барем по една негова песна, секоја година на неговиот роденден да се организира хуманитарен концерт на кој други пејачи би пееле негови песни... А, во име на светската слава што ја посакуваше Тоше да изработат квалитетни спотови за англиските песни, кои наскоро ќе бидат објавени, да се направи добро осмислена маркетиншка кампања, во која ќе се вклучат луѓето од дијаспората на угледни позиции низ светот, како и господинот Срѓан Керим, кој му беше и личен пријател. Инаку, македонската и балканска мегаѕвезда Тоше, деновиве прогласен за „Личност на годината“ на деветтиот избор на радио „Канал 77“, и понатаму не се симнува од сите балкански топ-листи. Според листите на странски изведувачи што оствариле најголема продажба во Хрватска, Тоше Проески со месеци е на првото место. Најпродаван е неговиот албум „Игра без граница“, зад него е Ерос Рамацоти со албумот „Е2“, па повторно следуваа Тоше со албумите „Дан за нас“, „Божилак“ и „Пратим те“. Многу послаба продаваност имаат светските ѕвезди Аврил Лавињ, Андреа Бочели, Ријана, Ејми Ванјхаус, Алиша Кис, Боб Дилан и други.
Новости од светот и кај нас Tose16102007


Последната промена е направена од на Сре 13 Фед 2008 - 2:08. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeПон 4 Фед 2008 - 20:26

Ревијалниот дел на Беовизија-посветен на Тоше
Февруари 4, 2008


Музичкиот фестивал Беовизија оваа година ќе биде одржан во знакот на нашата трагично загината поп ѕвезда Тоше Проески. Според српскиот сајт Пресс, организаторите на најдобриот фестивал на забавна музика и пред-натпревар за Евросонг во ревијалниот дел од фестивалот ќе приреди мини-концерт на кој десетина домашни и странски изведувачи ќе ги испеат наголемите хитови на Тоше.

- Организаторите на Беовизија неодамна одлучиле на првата вечер од фестивалот во ревијалниот дел да настапат 10 пејачи со песните на Тоше - изјавил соговорникот за Пресс и додал: "За сега не е познато за кои пејачи се работи, но се спомнуваат еминентни имиња од српската и странската музичка сцена со кои Проески соработувал. Се претпоставува дека ќе настапат Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Есма Реџепова, словенката Ања Рупел, хрватската ѕвезда Антонија Шола и други".

Овие тврдења биле потврдени и од ПР менаџерот на Беовизија Душка Вучиниќ:
- Точно е. Тоше Проески беше првиот победник на фестивалот Беовизија во 2003. година. Од почит и во знак на сеќавање на овој извонреден уметник, креативниот тим на фестивалот за првата вечер на 19 февруари, одлучи неколку еминентни уметници да испеат 10 песни од Тоше. Овие денови дефинитивно ќе одлучиме кои ќе бидат тие пејачи.

Овогодинешната Беовизија ќе се одржи на 19 и 20 февруари во Белградскиот Центар "Сава".Новости од светот и кај нас >Новости од светот и кај нас Avatar2


Последната промена е направена од на Сре 13 Фед 2008 - 2:10. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 5 Фед 2008 - 4:30

Лудилото по албумите на Тоше не престанува
Февруари 5, 2008


"Игри без граници", последниот снимен албум на Тоше Проески, е прогласен за најпродаван странски материјал и во Србија за 2007 година. ЦД-то за српскиот пазар се појави во издание на Сити рекордс. Според официјалната топ-листа на продажната мрежа на продавниците ИПС, во делот за странска музика одлично котира и албумот "Божилак", што се најде на третото место на најпродаваните.

Истото признание албумот веќе го доби во Хрватска, каде заедно со "Божилак" и "Ако ме погледнеш во очи" беше најпродавано издание како од домашната, така и од севкупната светска сцена.Новости од светот и кај нас 3936_Tose_Proeski_igre
Новости од светот и кај нас Tose_proeski-bozilak_rainbow-cd
Новости од светот и кај нас Product_521


Последната промена е направена од на Сре 13 Фед 2008 - 2:14. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeВто 5 Фед 2008 - 15:54

Мега фолк пејачката - Ада Грахович во Македонија!
Февруари 5, 2008


Мега Фолк Пејачката Ада Грахович доваѓа во Македонија на викенд нстапи кој ќе се одржат на 22 Феб Петок во Ресторан САЈГИЈА Гостивар, и на 23 Феб Сабота во Струмица во Нокниот Клуб ЕСКЕЈП, воедно во овие настапи Ада ке промовира неколку песни од нејзиниот нов Албум кој ке би требало да излезе во Април оваа година изјавува нејзиниот Менаџер, доколку сакате да дознаете повеќе информации за Ада посетете го нејзиниот веб сајт на www.ada-grahovic.com
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Dark_[T]_X
Зависник
Dark_[T]_X

Број на мислења : 227
Registration date : 2007-12-31

Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitimeСре 6 Фед 2008 - 3:15

DVD од Тоше на Денот на вљубените !
Февруари 6, 2008


На 14 февруари, на Денот на виното и на вљубените, на пазарот ќе се појави дивиди-издание со концертот што трагично починатата ѕвезда Тоше Проески го одржа во белградската „Арена“ на овој датум во минатата година. Спектакуларниот настан, кој доби голем третман во медиумите, го проследија околу 20.000 посетители. На концертната свирка, покрај Проески, беа вклучени околу 100 музичари и гости од Македонија. На дивидито ќе има и бонус-снимки од настапот на Тоше на ланскиот Хрватски радиски фестивал, на кој победи со темата „Вежи ме за себе“, како и снимки од промоцијата на албумот „Игри без граници“ во загрепска „Творница“.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




Новости од светот и кај нас Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новости од светот и кај нас   Новости од светот и кај нас Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Новости од светот и кај нас
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Delcevo Forum :: Забава :: Друго-
Отиди до: